Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој во јавност го обелодени случајот на доделувања звања на функционери на ДУИ, додека им бил „замрзнат “ статусот на Тетовскиот универзитет, случајот го пријави и во канцаларијата на Европската унија во одделот за образование.



Поради ова Илиевски беше даден на дисциплинска комисија и, како што беше објавено, деградиран.

„Одговорни се за образованието, за оние скандалозни потези што се случуваат во нашата држава за овие јавни функционери, за унапредувањето што го имаат при мирување кое не е европска пракса“, изјави Илиевски за Телма.