В.Д. помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер на денешната прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев ја прозва опозицијата да биде конструктивна во донесувањето на новиот закон за Јавното обвинителство.
„Усвојувањето на Законот за ЈО (СЈО) треба да се донесе и ја поттикнувам опозицијата да се придвижи во таа насока“, рече Рикер.
Рикер се осврна и на улогата на опозицијата во целиот процес.
„Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, опозицијата мора мора да биде конструктивна.
Времето за игри е поминато, време е работите да се придвижат за доброто на земјата. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап. Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер и изрази задоволство дека ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.





