Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, ги обвини лидерот и премиер Зоран Заев и потпретседателката и на Владата, и на владеачката партија, за валкање на угледот на нејзиното членство.



„СДСМ е во алертна фаза во која е неопходно што поскоро да биде вратен назад во рацете на чесното членство.

Угледот и образот на секој чесен член секојдневно незаслужено се валка заради алчноста, недораснатоста и неодговорноста на двоецот Заев-Шекеринска.

СДСМ како силен, способен и одговорен субјект и е потребен на Македонија“, порача преку Фејсбук актерката на скопскиот Драмски театар, која беше и член на Советот на Град Скопје, а на македонското Собрание од 2014 до 2016 година.