Ризикот од терористички напади во Македонија е среден, смета АОН, водечка агенција во светот за проценка на глобалниот ризик.
Од земјите во регионот, АОН идентична проценка има и за Албанија.
Највисок ризик за тероризам во овој дел на Европа има во Босна и Херцеговина, оценува агенцијата во својот годишен извештај.
Во Србија и во Црна Гора, пак, ризикот од терористички напади е најнизок во регионот, смета АОН.




