Бугарите не купуваат американски ловци Ф-16 – скапи им се

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на контроверзното купување на американските ловци АД Ф-16.

Како причина, Радев ги наведе премногу висока цена и зголемување на буџетскиот дефицит по купувањето на 8 авиони чија вкупна цена е 1.256 милијарди долари.
“Бугарија има потреба од мултифункционален авион со комплетен пакет оружје, опрема и обука за пилоти”, рече бугарскиот шеф на државата, истакнувајќи дека овие услови не биле исполнети со договорот кој би бил најголем од паѓањето на комунизмот во 1988 година.



Десничарското мнозинство во Парламентот во петокот го одобри купувањето на осумте авиони Ф-16, а претседателот нема да може да го попречи доколку одново биде изгласан.