Грчкото Министерство за надворешни работи изрази „загриженост” поради уништувањето на споменикот посветен на грчкиот борец од почетокот на 20 век до Тимиос Лиолис.
Споменикот беше кренат во воздух во селото Краниа на југот на Албанија, денеска околу пладне, јави АНА.
Грчкото министерство, остро ја осуди оваа акција, и побара „провокациите насочени против грчкото етничко малцинство и грчко-албанските односи мора да бидат испитани и разрешени веднаш, а виновниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата”.





