Калајџиев:



Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев и еден од кандидатите за шеф на СЈО, место кое го доби Катица Јанева, смета досега познатите податоци доволно упатуваат на тоа дека Јанева е вмешана во случајот, а колку и како треба да покаже истрагата.

Тој вели дека СЈО должи одговори на јавноста во кое својство и до која мерка специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е опфатена во случајот “Рекет“имајќи предвид дека ѝ бил одземен мобилниот телефон.

„Очигледно е тоа дека таа на некој начин е инволвирана во случајот да речам првообвинета, бидејќи уште немаме формална постапка, ама немаме ни демант од СЈО вели Калајџиев според кој оградувањето на нејзиниот тим од неа на една „несреќна“, како што вели, прес конференција, е сериозен проблем.

„Во крајна линија тимот е нејзин и тимот не би можел ниту правно, ниту политички да се претопи во некој друг  тим без неа. Тимот е нејзин и таа стои позади тимот и тие ја делат нејзината судбина“, вели професор Калајџиев.