По повикот за распит во својство на осомничен пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, косовскиот преммиер Рамуш Харадинај денеска ќе отпатува за Хаг.
Во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него се уште не е покренато обвинение, јавува МИА од Косово..
„Да, утре ќе отпатувам за Хаг“, изјави Харадинај, додавајќи дека интервјуто пред судот е закажано за наредниот ден, среда, 24 јули.
Харадинај поднел оставка од премиерската функција, затоа што пред судот сакал да се појави како граѓанин, а не како премиер, објасни за Т7, што би можело да делува негативно за имиџот на Косово.





