Предлогот Вилма Русковска да биде шефица на новото идно Обвинителство, не наидува на одобрување на политичките партии.
„Не е работа на Владата или на Собранието да назначуваат шеф на новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција“, оцени денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, коментирајќи го предлогот на премиерот Зоран Заев.
„Тоа беше направено пред 4 години и гледаме како излезе“, рекол Груби, според Алсат М.
Претходно, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави ече дека се за предлог законот но не и за Вилма Русковска да биде новата Катица Јанева.





