Новинарот Бранко Героски во нова рекетарска афера открива дека фактор во бизнисот со телекомуникации веќе дал изјава пред соодветни правосудни органи за нов случај на рекет.
Парите од рекетот ги земале Коки и извесен Раки кој е важен човек на власта.
Во постот со наслов “ЖАКИ, КОКИ И РАКИ – 400.000 ЕВРА РЕКЕТ?!”, Героски пишува дека двајцата луѓе блиски на власта парите си ги поделиле во сооднос 3 спрема 1.
“Жаки, важна фаца во телекомуникацискиот бизнис, дал изјава каде што треба, дека Коки му изрекетирал 400.000 евра. 300.000 евра зел Коки, а 100.000 евра биле за Раки, важен човек од власта. Така признал Жаки. Така ми шепна врапчето денеска…”, пишува Героски во својата најнова информација за рекетирање на бизнисмени од луѓе блиски на власта.
По предходните пишувања на Героски беа уапсени 2 лица а на едно му е забрането да ја напушти државата.





