Каде боледува Катица Јанева!?

Шефицата на СЈО, откако земала боледување минатиот вторник, се наоѓа во Гевгелија, јавуваат медиуми.



Министерот за внатрешни работи вчера изјави дека не е работа на МВРО да знае каде се наоѓа Јанева доколку за тоа нема соодветно барање од Овбинителство односно од Судот.

И обвинителката Вилма Русковска во интервју за „КОД“ рече дека не знае каде е Јанева.

Докторката која ѝ го напишала боледувањето на 15 овој месец, наводно заминала на одмор во Бугарија.

Јанева две дена подоцна писмено ги известила наделжните служби во обвинителството дека е на боледување.

Нејзините две заменички, Ленче Ристоска и Бети Јосифовска изјавија дека нез знаат каде е Јанева и дека немаат законски и правни овластување да потпишат никаков важен документ, а згора на се, не можат да потпишат ниту налог за исплата на плата.

Јанева минатиот понеделник поднесе оставка на челната позиција во СЈО истиот ден кога беа уапсени Бојан Јовановски , алијас Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец осомничени за рекетирање бизнисмени и јавни личности.