Зошто РСЕ ги крие критиките за Заев и Пендаровски, а објавува дека Мицкоски бил “забеган”

Радиото Слободна Европа не може да ги објави коментарите на редовното неделно интервју со претседателот на државата, Стево Пендаровски, во кое зборува за октомвриските очекувања од ЕУ, за СЈО и опасноста Охрид да го изгуби статусот во УНЕСКО.



Според РСЕ коментарите и постовите од посетителите на ФБ страницата на РСЕ се толку полни со лични навреди, говор на омраза и пцовки што не ги цитира согласно професионалните стандарди.

Радиото Слободна Европа во својот извештај не ги објавува ниту критичките коментари без навреди за изјавите за премиерот Заев или претседателот Пендаровски.

Затоа пак во остатокот од текстот се занимава со критиките кон лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Зошто РСЕ објавува критики за Мицкоски а не и за Заев и Пендаровски знае уредничкиот и новинарски тим во медиумот.

Уредниците дозволуваат за Мицкоски да се квалификува како забеган, лидер на банда, ситна риба, неодговорен, “квичач”, а за Заев и Пендаровски ги игнорираат сите коментари дури и тие што се издржани а не содржат лични навреди или говор на омраза.

Се кријат дури и критиките од калибарот на тие кои се користат за Мицкоски што јасно ја покажува интенцијата на медиумот да ја заштити власта и да ја оцрни опозицијата.

Еве што дозволува РСЕ да се објави за Мицкоски.

„Ти си братче ситна риба, само скокаш по песокот, а никако да влезеш во водата“ – вака гласи коментарот на Алекс Алексов на нашата ФБ страница по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Заев се лаже ако мисли дека законот за ЈО ќе го донесе без нив. И другите постови се во овој стил. Стевче Стојановски прашува: „До кога народот ќе дозволува бандата наречена ВМРО да ја уништува и краде Македонија?“, а Суки Меси му реплицира на Мицкоски: „И ти се лажеш ако мислиш дека државата е во твои раце, ти си исто… како Никола Груевски“. Пост на Орце Цветковски: „Кој си па ти фактор забеган, само сопки ставаш на државата“. Но, Ниметула Ејупи има забелешка за двете најголеми партии – за владејачката и за опозициската: „Дали има во нашата златна Македонија добри луѓе што стварно ќе ја водат државата по прав пат. Голем срам до сите партии, срам да ви е…“

Можноста обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство е „далеку од прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ“, го предизвикало Ангел Кими да се смее: „Хахах, еднаш вака еднаш така…“ Олга Долица напишала: „Ништо не е прифатливо за ДПМНЕ, оти самите не се прифатливи и само квичат“, а Благоја Мицкоски забележува: „Само Зврле е прифатлив за ДПМНЕ на чело на СЈО, а и Панчевски и Вангеловски во тимот. Тогаш за криминалците кои сега се гонеле ’политички‘ ќе има правда“. Зоран Димитриевски резигнирано го коментира ставот на ВМРО-ДПМНЕ: „Дали барем има нешто досега што било и е прифатливо за опозицијата? Неодговорно, несериозно и безобразно!“

Целиот политички ангажиран текст на РСЕ на овој линк