Новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, во едночасовното обраќање пред парламентот и пред гласањето доверба на новата влада, кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
„На Балканот, како што имаме кажано во неколку наврати, приоритет е да се ублажат негативните последици од спроведувањето на Договорот од Преспа. А главната точка овде е развојната програма за северна Грција, заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам, одново да пратам една порака во и вон Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската унија“,– рече Мицотакис.





