На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, соопшти МВР по повод огромните гужви на граничниот премин Богородица-Евзони.



МВР јави дека во македонскиот дел од границата нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчката страна.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна, јавува Макфакс.