Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од своите други колешки низ светот можеби не се разликува според познавањето на законот или според начинот на кој што ја води оваа сериозна институција, но сигурно се разликува поради постојаната насмевка на нејзиното лице.
Во светот има(ло) десетици јавни обвинителки или специјални јавни обвинителки кои што како и Јанева се занимаваат или во минатото се занимавале со сериозни кривични дела но ретки се оние што како Јанева постојано се насмеани како да работат во модниот или шоу бизнисот.
И покрај постојаните напади пред се од ВМРО – ДПМНЕ чии членови и се речиси единствени клиенти за делата кои што ги истражува и обвинува таа постојано е насмеана.
Сами направете ја споредбата со нејзините колешки јавни и специјални јавни обвинителки од САД, Гана, Бразил, Венецуела и Крим.
За разлика од неа Наталија Поклонскаја од Крим, Лорета Линч и Жанет Рено од САД (Обвинителки во времето на Клинтон и Обама), Луис Ортега од Венецуела, Глорија Акуфо од Гана и Ракел Доџ од Бразил ретко можат/можеа да се видат насмеани вршејќи ја оваа одговорна јавна функција.





