Героски в понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики

Ниовинарот Бранко Героски на фејсбук се одѕва на „прозивката““ на премиерот Зоран Заев, новинарите да го откријат идентитетот на Кики и Фрики од серијалот за „рекетарската банда“, измислени имиња на ликови кои реално уценувале и изнудувале големи пари од бизнисмени.



Доказ за наводите на Героски се Коки и Зоки, односно Бојан Јовановски -Боки13 и Зоран Милески Кичеец кои се во 30 дневен притвор.

За Кики и Фрики во јавноста се шпекулира дека се актуелни пратеници..

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, повика вчера Заев.

Ај, в понеделник ќе ви кажам кои се Кики и Фрики“ порача Героски преку Фејсбук.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2290539424401073