На статусот на Фејсбук на поранешниот генерален директор на Македонска опера и балет, Игор Дурловски, реагира и Сони Петровски, бивш уметнички директор на од денеска обезмакедончената институција.



„Јас го разбирам молчењето… Им скратија пола буџет од годишната програма кои им ги дотурија во платите, малку притисок на оние кои јавно негодуваат (како колешката од Филхармонија која ја натераа јавно да се извинува) и се е на место! Синдикалците јавно застанаа во поддршка на фестивалот Денови на македонска музика кога беше укинат од Министерството, ама изгледа немаат никаков проблем самите да поднесат вакво понижување“, напиша Петровски под статусот на Дурловски.