На новинарите денеска им беше забрането да присуствуваат на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.
Илиевски во мај јавно објави дека незаконски биле унапредувани јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово, за време додека им мирувало работното место на „тетовскиот“.
Претседателката на дицсиплинската комисија Валерија Анастасова се расправала со новинарите и рекла дека не е дозволено да присуствуваат на седницата на која се расправа за одговорност на инспекторот.
Обезбедувањето од МВР на новинарите кои седеа во ходникот и чекаа да заврши седницата, откако претходно не беа пуштени, им рече: „Тргни ги новинарите, ми кажаа“, јавува „Лидер“





