Утринава без никакво формално образложение од работа е избркан судијата Владимир Панчевски кој пред два дена ја оспори надлежноста на Јавното обвинителство да презема мерки во случајот Боки 13 во кое има прислушувани разговори кои се во надлежност на СЈО.
Предходно Панчевски поднесе кривична пријава против Катица Јанева која незаконски вршеше претрес во неговиот дом за што се води спор во Судот за човекови права во Стразбур.
“Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми. Така функционира овој криминален систем!
Тоа е таа благодарност на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!
Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!”, пишува судијата Панчевски.





