Претседателот на Собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски кој е правник по професија го анализира Законот за кривична постапка во контекст на случајот на рекет во кои се инволвирани Боки 13 и Катица Јанева.
“Обвинителката за “рекет и изнуда” знае дека треба да биде во притвор согласно член 165 од ЗКП, бидејќи реално има позиција преку која може да сокрие или уништи траги и прислушкувани материјали злоупотребени во кривичното дело, а уште повеќе може да влијае на сведоците (жртви и/или соработници) во скандалот “Рекет”, анализира Милошоски.
Тој вели дека не треба да се очекува Катица да даде изјава за медиумите затоа што покорисно би било да даде изјава пред истражен судија и јавен обвинител!




