Веќе три дена јавноста нема никаква информација за состојбата и локацијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за која се тврди дека е обвинителот на кој што Боки 13 спроведувал влијание за да врши рекет.
Јанева вчера ја немаше на пресот на СЈО кој го водеше Ленче Ристовска а не дава никакви информации за информациите поврзани со случајот рекет.
На социјалните мрежи многу претпоставки за неа и за местото од кое го следи развојот на настаните во скандалот за кој и е одземен телефонот.
Официјално нема потврда за ниедна информација во врска со неа, освен дека не е дел од истрагата.
Засега Јанева може да биде мирна затоа што според обвинителството истрагата за рекетот поседува аудио и видео материјали кои инволвират само две лица колку што се и уапсени.
Сепак добро информирани извори велат дека во материјалите има и други високо позиционирани личности кои допрва ќе бидат откриени.
Во кулоарите за нејзината сегашна адреса се шпекулира се и сешто, од тоа дека е во нејзината куќа во Гевгелија, преку тајна локација во Скопје се до странска дестинација каде што заминала вчера.
Форнално-правно ако не е осомничена и не и е одземена патната исправа таа може слободно да ја напушти Македонија.
Ако се следи законот доколку за неа нема ПИ мерки и судски налог за нејзино обезбедување ниту ОЈО ниту МВР не можат да ја следат или да ја спречат да ја напуштат Македонија.
Ако се суди според формалната состојба таа е се уште шеф на најмоќната правосудна институција во историјата на Македонија.




