Ван Хојте застана во одбрана на Катица Јанева

Преговарачот во „пржинскиот договор, Питер Ван Хојте, се огласи со статус на Фејсбук во кој бара да престанелње „шпекулациите“ околу шефицата на СЈО, Катица Јанева и изрази сомневање дека скандалот е  поради тоа што „ Катица Јанева веројатно дошла до некои луѓе кои сметале дека се недопирливи и се над законот“.



„Читам што се случува со Специјалното jавно oбвинителство во Северна Македонија. Можам само да заклучам дека владеењето на правото забрзано оди во неповрат.

Што и да се случи со канцеларијата на Специјалното Јавно Обвинителство, важно е да престанат сите шпекулации и да се дозволи основното јавно обвинителство да си ја заврши работата. Доколку имало злоупотреба на моќта и овластувањата, тие што биле вмешани во тоа треба да бидат осудени. Но, престанете со шпекулациите! Кога го анализираме тоа што се случи, првото прашање што доаѓа на ум е, зошто овие работи сега одеднаш излегуваат на површината? Кој стои зад тоа? Изгледа дека Катица Јанева веројатно дошла до некои луѓе кои сметале дека се недопирливи и се над законот.

Има долга листа на луѓе на кои им одговара ова да се случи, но нивното објавување нема да помогне државата да оди напред. Едно сепак е јасно, политичарите целосно ја оплескаа работата, напиша Ван Хојте на Фејсбук.