По оставката што пред две дена ја депонираше шефицата на СЈО, Катица Јанева, реагираше Европската комисија која препорачува да да продолжи работата мна Специјалното јавно обвинителство.
„Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања“, стои во соопштението од ЕК.
Оставката на Јавена се поврзува со Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се притворени поради рекет на бизнисмен.
Од ЕК сметаат дека е важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство, пишува „Независен“.





