Антикорупсциска комисија предупреди дека фирмата на советникот во Охрид, Нефи Усеини не смее да учествува во тендерот за уривање на дивоградбите во Охрид, велат од Антикорупциска комисија, повикувајќи се на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Имено, фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, велат од Антикорупциска, пренесува „Фокус“.





