Новинарот Бранко Геровски изјави дека нема да му се извини на СДСМ за Боки 13, и напротив, побара од партијата да му се извини на членството и на своите симпатизери.



“Не, нема да му се извинам на сдсм за Боки, туку СДСМ ќе им се извини на членството и на симпатизерите!-напиша Героски на Фејсбук.

Тој објасни дека Саше Ивановски-Политико побарал Героски да му се извинел на СДСМ за “клеветите” дека Боки 13 дејствувал “заедно со власта.

Погледнете го колажот од фотографии и врднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини.

„Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дегинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел.

Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат…”-пишува Героски.