ДУИ и Алијанса на Албанците одговориле потврдно на вчерашната покана на премиерот Зоран Заев за одржување лидерска средба.
Заев на прес конференција најави дека ќе треба да се разговара за важни работи во др/авата како што е законот за обвинителство, за пописот и за новиот изборен закон.
Засега од ВМРО-ДПМНЕ нема одговор, а вчера на прес конференција, преку партискиот портпарол, беше порачано дека најголемата опозициска партија би ја прифатила средбата единствено ако прва точка на дневниот ред бидат – предвремени парламентарни избори.
Заев, вчера ја отфрли можноста за распишување предвремени и повтори дека тој смета дека треба да се одржатво редовниот термин во декември идната година или, евентуално, во октомври.




