Лицето Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец добил 30 дена притвор, изјавил заменик директорот на Истражен затвор Скопје, Садуш Арифи за ТВ21.
Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба, пишува плусинфо.мк.
Вечерва се чека одлука на судот дали ќе прифати притвор и за Бојан Јовановски познат како Боки 13.
Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен.
Кичеец и Боки 13 денеска се приведени. Боки е приведен на граничниот премин Богородица а Кичеец во скопски ресторан.





