„Боки 13“ барал 8 милиони евра рекет „да му олесни“ на бизнисмен под истрага

Иако на денешната прес конференција, обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која, заради почитувањето на принципот за презумпција на невиност не спомена имиња туку зборуваше за прво и второ осомничен во денешното апсење, медиумите претпочитаат да ја известат јавноста.



Имено дек „бизнисменот“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, кои денеска биле уапсени на граничниот премин Богородица, се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра мито за да му олеснат на лице кое било под истрага, пишува порталот СакамДаКажам.

 Тие парите ги зеле за да извршат влиание врз јавен обвинител, и поради тоа се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание.

Според неа првоосомничениот влијаел кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата.

Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

 При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

За првоосомничениот се води истрага и за перење пари, објасни Рускоска.