Кичевчанецот на печалба во Чикаго со профил Ел Чека објави нова аудио бомба во која се зборува како се местат тендери меѓу функционери на ДУИ.
Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во прислушуваниот телефонски разговор меѓу другото зборуваат дека мора да се добие тендер во ТЕЦ Осломеј.
Во аудиото зборуваат и за други тендери и разговараат како добивката ќе си ја делат меѓусебно заедно со Фатмир Дехари.
“ФА (Фехри Ахмети)
– Како си господине Џафери.
МЏ (Муса Џафери)
– Добро сум. Ти?
ФА
– Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгубиме..”, се вели меѓу другото во разговорот што го пренесуваат повеќе медиуми.
При споделувањето на овој разговор на Фејсбук објавен од Ел Чека се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи кој е во затвор за Кумановските настани.





