Макрон утре во Белград: Дали Србија може да смета на членство во ЕУ?

Француски медиуми пишуваат дека важна цел на утрешната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белград е отстранување на „затегнатоста“ во односите со Србија.



Главна тема на средбата Макрон со домаќинот Александар Вучиќ се очекува да биде  „чувствителното прашање“ дали Србија може да смета на членството во ЕУ.

Околу аспирациите на Србија да стане членка на Европската унија, официјален Париз останува претпазлив, оценуваат француски медиуми.

Претседателот Макрон поддржува европската перспектива на Балканот, но исто така, укажува дека членството ќе следува само по претходно реформирање на ЕУ.

И затегнатите односите меѓу Србија и Косово откако  Косово кон крајот на 2018 година воведе тарифи на 100 отсто за увоз на српски производи ќе бидат тема.

Можноста дека конфликтот може да се реши со размена на територии се уште е без  изгледи. Париз е отворен за оваа опција, но Берлин се противи бидејќи тоа би можело да ја отвори „Пандорината кутија“ на националзмите.

Макрон ристигнува во Белград утре попладне, а во градот се воведени максимални мерки на безбедност.