Опозицијата сака лидерска, но само за предвремени избори

Во интервјуто за Алсат М, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека за државата е неопходно да се сменат работите а тоа е можно само со предвремени избори.



Мицкоски смета дека во Македонија. нема политичка клима за дијалог.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Столиковски за медиумите изјави: „Власта и премиерот Заев да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број2.“

Од СДСМ се уште без одговор за ова, а на денешната прес конференција функционерот на СДСМ Костадин Ацевски, рече дека има многу други нешта кои треба да се направат наместо предвремени избори.

„Се уште нема договор за лидерска средба. Но ја повикуваме ВМРО ДПМНЕ да не ги кочи процесите што се од интерес на државата и да помогнат да се донесат законите кои се во интерес на евроатланската интеграција на земјата, пред се Законот за Јавно обвинителство во кој се решава и СЈО“ вели Костадин Ацевски од СДСМ.