Екс министерот за економија од ДУИ Фатмир Бесими е главна ѕвезда во новото видео што го објави Ел Чека во кое се слуша и градоначалникот на Кичево и екс командант на ОНА Фатмир Дехари.
Во видеото се слуша како двајцата зборуваат за гардероба односно Бесими го советува Дехари како да комбинира облеката.
Во разговорот се споменуваат и ИПА фондови но не е јасно дали навистина Бесими ја набавувал гардеробата од европски фондови или пак се шегува.
Ел Чека досега објави десетина аудио бомби во кои главно се таргетираат лидерот на ДУИ и други високи партиски претставници.
Јавноста се уште не знае дали бомбите на Ел Чека се добиени од материјалите со кои располагаше Заев или од материјалите со кои рааполага СЈО.
Не бе ова не е верно. Прво Фатмир Бесими [СЕП] да е фешн гуру на ДУИ, второ да му купува на Фатмир Дехари [Кичево] кошули, одела, чевли и кравати од проекти од ИПА фондовите. Ел Чека игра мајтап со овие https://t.co/vHkvSrI3GG pic.twitter.com/oBC8FhbgzB
— Демир (@Trollowsky) July 13, 2019





