Лидерот на најголемата опозициска партија вели дека доколку на следни избори неговата партија освои 80 пратенички места, односно го има условот „Бадинтер“ ќе бидат вратени уставните измени.
„За да се случи чекор назад, правно, легалистички, на нас ни се потребни 80 пратеника во Собранието и условот „Бадинтер“. Доколку го имаме ова, ние ќе се вратиме чекор назад и ќе ги вратиме уставните измени“, Христијан Мицкоски , во интервју за „Алсат М“.
Тој сепак не даде објаснување што ќе се случи со Преспански договор поради кој дојде до промена на уставот и името на државата.





