Новинарот Ивор Мицковски реагира на скандалозното уфрлање на таканачреченото бадентерово мнозинство во предлог Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
„Си го смениле законот кој бил на јавна расправа и кој го презентирале во Баку за заштита на Охридскиот регион.
Убациле и етничка компонента, Бадинтерово гласање, еј за нешто што се однесува на природа, што е егзактно, за што требаат луѓе со познавања, а не само по етнички клуч да се тера.
Која банда сте бе вие, какви сте вие преваранти и штеточини“ – напиша Мицковски на Фејсбук.






