„Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела, дека текстот на Предлог-законот не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 год. и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку.



Предлагачите во него додале член со кој уредувапримена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот)-,реагираа денеска осумнаесет граѓански организации.

Според организациите, ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор.

Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно, велат невладините, сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Во здружената реакција тие имаат и неколку барања:

„Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Бакуво јуни 2019 год.;

Собранието на РСМ во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законотод ноември 2018 год. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКОво Баку во јуни 2019 година

Владата на РСМ да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за  спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство.