Режисерот Поповски за “диво месо“ и за охридските дивоградби

На отворањето на годинашното издание на престижниот Фестивал „Охридско Лето“, режисерот Александар Поповски, цитираше дела, на како што го нарече „македонскиот Хомер“, Горан Стефановски.



Правејќи паралела со сегашните случувања, Поповски констатира дека делата на Стефановски никогаш не ја губат актуелноста.

„Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето диво месо да го земеме како рецепт.

„Значи, јас читам сега диво месо, а Вие слушајте диво градби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека.

Месото мора да се откорне со нокти, а раната да се изгори со жар“, рече Поповски.

Извор: 36о