По информацијата дека против инспекторот Ѓорѓи Илиевски – кој се одважи да реагира на неправилностите при доделувања на научни звања на владини функционери од редовите на ДУИ – е покрената дисциплинска постапка, досега реагираше само градоначалникот на Гостивар и екс министер во владата на Зоран Заев, Арбен Таравари.



„Наместо да се охрабрат и да се подржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат. Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата“, напиша Таравари.