За една година бројот на населението во Бугарија се намалило за уште 50.000, и падна на 7 милиони во услови кога бројот на луѓето во ЕУ се зголемил за повеќе 1. 512.400 милиони луѓе.
Бугарија, според ова, заедно со Хрватска го дели второто место на ЕУ членки кои бележат најголем пад на бројот на населението, покажуваат податоци на Евростат.
Најголем пад на населението е забележан во Латвија (-7,5%), Бугарија и Хрватска (и со -7,1 %), Романија 6,6 и Литванија 5,3 проценти од бројот на население.
Во моментов, земја со најголема популација во ЕУ е Германија, каде што живеат 83 милиони луѓе, што претставува 16,2% од вкупното население на Унијата. На второ место се Франција со 67 милиони (13,1%) и Велика Британија со 66,6 милиони или 13% проценти од населението на ЕУ.
Извор:БГНЕС





