Цуцуловски: Каде беа досега „накнадно освестените“?

„…каде беа овие „н а к н а д н о освестените херои“, кога македонската јавност имаше можност да чуе дека, кога ќе се освоела власта, живи луѓе ќе се јаделе?



Каде беа кога се делеше едно евро за еден и друго евро за друг?

Каде беа на 27.04. 2017 год., кога се освојуваше власта надвор од деловникот и законите, пред народот и да влезе во Собранието?

Каде беа кога во Берн се тврдеше дека Македонија ќе станела Швајцарија на Балканот и дека ќе се воведела двојазичност на целата нејзина државна територија?

Каде беа кога се прифатија Тиранската платформа, Договорот со Грција и Бугарија?

Каде беа кога почна сè што е македонско да се брише, потиснува, искривува? Каде беа кога, наспроти на секоја логика, патриотизмот беше изедначуван со шовинизам/џингоизам?

Толкави ли им беа знаењата за да не ја прават оваа основна разлика“ пишува професорот Љубомир Цуцуловски за „стаорците циркузанти’ за кои вели дека откако не го добија тоа што го очекуваа, и откако видоа дека бродот почна сериозно да се ниша, голем дел од најгласните шарени револуционери, како и секој проверен зихераш, почнаа да го напушаат проектот/бродот наречен „Нема правда, нема мир!“