Македонската влада донесе одлука за заедничка прослава на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент Охридски, свети Наум и цар Самуил, на владина седница на предводена лично од премиерот Зоран Заев, пренесува денеска БГНЕС.

Агенцијата пишува дека во официјалното соопштение се вели дека до крајот на годината бугарско-македонската Експертска комисија за прашањата на историјата и образованието треба да ги реши прашањата од заедничката историја поврзани со Илинденското востание, Гоце Делчев и др. Исто така Владата го поддржа предлогот на комисијата за преглед на студиски материјал во учебниците за шесто одделение во Бугарија и за седм одделение во Македонија (среден век) до крајот на 2019 година.
Според бугарската агенција, двете земји се согласуваат да го исполнат договореното во најкус моен рок, а при секое официјално одбележување на овие личности да се нагласува историската вистина за заедничка историја и тоа јавно да се објавува, пишува БГНЕС.





