Заев не се сретнал со Порошенко во Давос, тврди Милошоски

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Антонио Милошоски, денеска во статус на Фејсбук тврди дека премиерот Зоран Заев вчера изнел невистина со изјавата дека се сретнал со украинскиот претседател Поошенко во Давос во јануари годинава.



На новинсрско прашање дали претходно имало комуникација на кабинетите за да има ваков разговор (со лажниот Порошенко)?”, премиерот рече: „Како не. Секако. На официјалните состаноци што ги имаме, како состанокот што сум го правел со претседателот Порошенко во Давос, на пример, сме разговарале затоа што и определбата на Украина е за НАТО, а нормално затоа што тој важи за еден од сопствениците на големите фабрики за чоколадо, па да го поканам да инвестира во нашата земја, тоа е странска инвестиција.”

Но, Милошоски, вели дека и од владиното соопштение за средбите на премиерот во Давос се гледа дека средба со украинскиот претседател немало.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2602621149757335