„Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи.



Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила“, реагира на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Антониот Милошоски на објавените наводни разговор на македонскиот премиер со руски шегаџии кои му се претставиле како Јенс Столтенберг и Петро Порошенко и телефонски разговарале со него .

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2736081626421099