„Дојче банк“ го направи првиот потег за намалување на 18.000 работни места во неделата, како дел од радикалната реорганизација.
На персоналот кој работи на тргување со акции во Лондон, Њујорк и Токио им беше кажано дека нивните работни места се укинуваат, јави Би-би-си.
Најавена е елиминира цели тимови во Азија и Австралија во рамките на џиновскиот план за “деловен рестарт”.
Првите откази се поделени во Сиднеј, Хонг Конг и на други локации во азиско-пацифичкиот регион. Само во Азија, “Deutsche Bank” практично ќе ги затвори сите филијали, а другиот дел од “сечењето” ќе се случи во САД и во Европа.
Предвидено е намалување на бројот на вработени за дури 74.000 лица до 2020-та година, во финансиски потег кој ќе чини 7,4 милијарди долари.
Не е соопштено кои работни места најмногу ќе страдаат, но најавено е дека банката во целост се повлекува од сите области кои се поврзани со тргување со акции.
Најголем дел од тие операции се наоѓаат во канцелариите во Лондон и Њујорк.




