Покрај лажниот разговор на премиерот Заев со шефот на НАТО руските пpaнkepи Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) објавија снимка и од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара и со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко.
Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.
„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на атстус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.
„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 150 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.
На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем.
Овој дел од пранкот со Заев е во втората половина од краткото видеото кое беше објавено вечерва.
Целото видео
Првиот дел од видеото во кое Заев споделува тајни безбедносни информации
Шегаџии го натерале Заев да изнесе безбедносно критични информации 1 (ВИДЕО)





