Професорот и некогашен миниситер за односи за странство во 90-те, Денко Малески, вели дека  никогаш не се знае што е во главите на политичарите кои доаѓаат на власт по изборите. Изјавата доаѓа по победата на Кирјакос Мицотакис, кој ќе биде и идниот премиер на Грција, проттивник на Преспанскиот договор ој од опозиција коментираше дека ќе го блокира членството на Македонија во Европската Унија…



„Во нашиот случај мислам дека главната рамка на договорот е цврста, толку цврста да не може да биде изместена од новите луѓе во Атина. Ние веќе стануваме членка на НАТО со решен проблем, со решение за името за кое имаше консензус дека е големо достигнување. Сепак што се однесува до ЕУ, пристапувањето е повеќегодишен и посложен процес. Секоја членка може да оспорува нешто, па и евентуално членство на друга држава. Без оглед на се, постои нешто што се вика углед, а тој се стекнува и се губи со почитување и непочитување на договорите кои ги склучиле државите. На крајот институциите на Грција го потврдија овој договор, го изгласаа. Може да сменат некои работи но тоа е договор кој плебистицарно е поддржан од сите западни држави кои го оценија како историски, вели Малески за „Фактор“.