Еколошката организација “02 иницијатива” од генералниот секретар на Владата Драги Рашковски бара одгвори за процесот кој тој го води во име на владата а кој треба да спречи потенцијални здравствени проблеми за стотици илјади луѓе.
Екомогистите немаат никаква информација за опасниот отпаден материјал за кој Рашковски и владата уште лани се обврзале дека ќе го дислоцираат.

Целата реакција на О2 иницијативата:
☣️ До каде сме господа со линданов? Нешто конкретно да соопштевте?
Јули тече, уште нема никаква информација од генералниот секретар Dragi Raskovski, од Влада на Република Северна Македонија до каде сме со отстранување на линданот, живата и другите опасни и токсични супстанции од бројните депонии на Охис.
☣️ Драги Рашковски го води процесот за конечно решавање на проблемот со линданот од Охис, член на работната група за решавањето на проблемот со линданот од Охис формирана од Владата во мај 2018. Тој минатиот декември изјави дека ќе се чистат двете депонии истовремено и големата и малата. Чистењето ќе чини помеѓу 40 до 260 милиони евра во зависност кој метод ќе се избере. Од три до пет години ќе трае процесот на чистење на двете депонии.
☣️ Во декември 2018 Владата потпиша меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, за чистење на токсичниот отпад – линдан – во поранешната фабрика ОХИС и формирање на заеднички Фонд за таа цел.
Колку средства се собраа за отстранување на линданот од ОХИС? Која метода ќе се користи?
Малата депонија во оптимистичко сценарио на есен ќе започне да се чисти од линданот и др. опасен отпад. Големата кога ќе започне? Нели истоврмено ќе се чистеа?
☣️ Влада на Република Северна Македонија минатиот август донела одлука да се формира комисија која ќе работи на утврдување на веродостојноста на информацијата за можноста да има дива депонија на линдан надвор од кругот на фабриката ОХИС, како во Пеленица која уште од 2008 година се појавува во ЛЕАПот на општина Кисела Вода и потребата да се испита со оглед дека и Охис и Стаклара депонирале опасен отпад тука.
⛔️ Во декември МОН под притисок на јавноста и медиумите забрани екскурзии на ученици во Пеленица.
☣️ Депонијата во Пеленица се ветуваше дека до Нова Година ќе се огради како ризична зона. Тендерот се објави дури на 22 март, за жичана ограда да се постави после два месеца. До пред месец и пол немало никакви табли со предупредување дека се работи за локација со опасен отпад и забрана за влез. Дали во меѓувреме се поставени, нема информација.
☣️ Се смета дека има и трета депонија во кругот на фабриката Охис, покрај големата и малата.
Кога ќе се започне со потребните анализи во Пеленица и третата депонија во Охис? До кога ќе се чека на прелиминарните првични анализи?
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2136942579756391&id=1250399838410674





