Наместо оваа пролет, дури во четвртиот квартал годинава се очекува да започне изградбата на првите два, од вкупно 13 километри од автопатот Скопје – Блаце, дознава Алсат М.



Вицепремиерот Бујар Османи минатото лето вети дека оваа пролет ќе почне изградбата на автопатот Скопје – Блаце. 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески уште во мај најави дека тендерот за избор на изведувач ќе биде објавен во јуни а првите километри од оваа автопатска делница да почнат да се градат во август.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека тендерот ќе биде објавен дури во текот на јули.

„Тендерот за градежни работи очекуваме да се објави во текот на јули 2019 година. Основниот проект е готов и се чека позитивен извештај од завршна ревизија, за потоа да се објави тендерот заедно со техничката спецификација. Доколку постапката за избор на изведувач е успешна, очекуваме градежните работи да започнат во четвртиот квартал на 2019 година“-велат од ЈП за патишта.

Другите 10,5 километри од автопатотот, ќе се градат следната градежна сезона, пишува Алсат М.