Гоце Делчев е важна личност и за двете држави и треба да н’е обединува со Северна Македонија, а не да не дели, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за bTV.
Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја.Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја каже вистината. Гоце Делчев е Бугарин, познат револуционер, една од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономија на Македонија и на Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не дели“, вели Захариева.
Министерката додава дека „ имаме исклучително добри односи со премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, но се чинидека има уште доста пат да изодиме за целосна доверба. Но, знаците се многу добри и почетокот не е лош“, изјави според Днес.бг, таа .




