Дали тоа Дачиќ го призна Гоце Делчев за Бугарин!?

Српскиот министер за надворешни работи, кој два дена е во „кавга“ со бугарскиот премиер Бојко Борисов, непредизвикан од никого, го внесе и Гоце Делчев во расправата околу тоа дали идниот Висок претставник за надворешна политика и одбрана на ЕУ, Хозе Барол, треба да го следи ставот на неговата земја, Шпанија, која не го признава Косово или да го следи европскиот став.



„Како што имаме разбирање за прашањето за бугарскиот национален идентитет, јазикот или Гоце Делчев, исто така очекуваме разбирање за важноста на косовското прашање за српскиот народ.

Затоа, оваа изјава на бугарскиот премиер не се однесува на прашањето за квотата за риболов или квалитет на српско сирење во преговорите со Европската унија, туку се осврнува на прашањето за територијалниот интегритет на Србија”, изјави Дачиќ за Танјуг.

Нејасно е неочекуваното покажување „разбирање“ на шефот на дипломатијата на една соседна земја околу билатералното „историско прашање“ меѓу други две кои на ја засегаат Србија.

Во лучајов за идентитетот на Делчев.

Но, српскиот МНР, е познат по низата, би рекле, „бисерни“ изјави кои се помалку популарни за разлика од неговите пејачки упади во дипломатијата.