,,Одбраната” на Тамара диригирана од еден центар

Струмичкиот филолог Трајче Бјадов со интересна анализа на коментарите на Фејсбук во врска со грешката на Тамара за националната химна:



Интересно е колку моменти се совпаѓаат кај апологетите на ,,ненамерно” згрешената химна:

1. Сите што го осудуваат тоа се квази патриоти;
2. Сите што го осудуваат тоа се неписмени;
3. Сите што го осудуваат тоа се ретроградни и против напредокот (на државата?, нацијата?, општиот?)
4. Сите што го осудуваат тоа завидуваат на успехот на другите;
5. Тамара е врвен уметник и жртва;
6. Евровизија е врвен културен настан;
7. Тамара победила на Евровизија (молам?)
8. Македонец си ако ги одобруваш сите чинови кои придонесуваат за разградување на општата основа по која се препознаваш како Македонец, и некритички прифаќаш сѐ што некој друг ќе ти каже што треба да си и каков тееба да си;
9. Химната треба да се промени оти е неприфатлива за сите;
10. Националните и идентитетските теми се споредни, а сите други се главни и поважни;
11. Парите и материјалната добросостојба се поважни од духовната добросостојба, со акцент на тоа дека материјалната автоматски ја подобрува духовната добросостојба;
12. Разно

Ако ова не е сигурен знак дека е диригирано од еден центар и уште повеќе дека ништо не е случајно од она што се случува, уште помалку наивно, тогаш не знам на кој начин може на некој да му се објасни дека е во заблуда и греши, освен можеби со неговиот речник: сѐ додека тие различномислечките ги нарекуваат квазипатриоти, сѐ дотогаш за себе си го обезбедуваат епитетот малоумни, оти не е можно да покажеш толку малку ум, а да тврдиш за себе дека си кажал нешто паметно. Мрш фејкери!”, пишува Бјадов.